Неприкосновениот квалитет во понудата на високо технолошки решенија во областа на нисконапонска електрична опрема и опрема за осветление, постојано отвара нови пазари за ELMARK. Насоката во која брендот го проширува своето присуство е токму индустрискиот сегмент и B2B пазар, каде што побарувачката за исплатливи, високо квалитетни и трајни производи е значајна.

Со години, брендот го гради својот углед меѓу индустриските клиенти, каде што карактеристиките како што се сигурноста, безбедноста и енергетската ефикасност, го манифестираат високиот квалитет на производите од ELMARK.

Од своето основање, склучени се бројни договри со индустриски клиенти за снабдување со опрема, што во континуитет овозможува понатамошно зголемување на производниот асортиман, како и адекватна реакција на зголемените очекувања.

Целта на ELMARK во поглед на развивањето на соработката со големите индустриски клиенти вклучува континуирано подобрување на квалитетот, цената и доверливоста на производите и компонентите. Приоритет на овој пазар е постојана интеграција на иновациите во производните решенија.

Електричните системи и нисконапонска опрема развиени и произведени од ELMARK, успешно се користат во фабрики, работилници и бизниси кај многубројни клиенти во Европските земји и земјите од Блискиот Исток.