Областа во која ELMARK постојано се развива од своето основање е понудата на ефикасни решенија за крајните корисници. Ова е стратешки важен пазар за брендот во кој се има основано и во кој се одржува како клучен играч уште од своето основање.

За крајните корисници е важно да имаат сигурни и енергетски штедливи производи и решенија, кои можат да ги најдат во асортиманот на брендот, кој го има докажано, одражано и дури и подобрено својот квалитет во текот на годините. Традициите и продажниот пристап ориентирани кон крајните корисници, ја придобиваат лојалноста на корисниците и го прошируваат влијанието на брендот на овие пазари.

Најважни во овој поглед се системите за осветление понудени од ELMARK кои комбинираат квалитет,сигурност, безбедност и исплатливост, со цел на клиентите да им се понудат решенија, кои 100% ги задоволуваат нивните очекувања. Постојаната амбиција на брендот да развие и произведе овакви системи, јасно ја нагласува пресудната важност на крајните корисници во својата стратегија за развој.

Се повеќе и повеќе, корисниците се запознаваат со производите од брендот преку широката дистрибутивна мрежа. Овој факт е поддржан и од страна на строгата контрола на квалитет, гаранции за безбедност и трајност на производите, политиката на сертифицирање и високо конкурентни цени.

Со текот на годините, брендот ги има докажано лојалност, грижата и вниманието кон потребите на корисниците и ова е важен фактор кој значајно има придонесено кон добриот углед на брендот денес.