Секоја компанија која се стреми да биде лидер и има сериозни долгорочни планови за развој, едноставно треба да има визија за иднината.
Одговорност
ПИТКОМ ја има амбицијата да биде симбол за одговорност. Нашата општествена одговорност се состои не само од одговорноста кон околината, која ја остваруваме преку понуда на ефикасни незагадувачки производи произведени по ефикасни методи кои сами по себе не ја загадуваат околината, и одговорност кон општеството, која ја остваруваме преку добротворни акции во соработка со локални и меѓународни акции, туку се состои и со одговорност кон нашите кадри, која ја докажуваме преку нивен континуиран развој и оспособување, но и одговорност кон нашите клиенти, која ја докажуваме преку етичко и совесно работење.